Во Пари Сен Жермен се уште се занимаваат со поразот од Реал Мадрид.
Не престануваат да испраќаат жалби и да ги наведуваат ситуациите во кои сметаат дека се оштетени. Емери во изјава за „АС“ пред првенствениот натпревар против Стразбур бара УЕФА да има ист критериум и во реваншот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Го гледав натпреварот помеѓу Виљареал и Лион и судијата имаше балансиран пристап не како во нашиот натпревар. Еве јас би сакал УЕФА да го има истиот критериум како во Мадрид, да го испратат истиот судија и да има ист критериум, да биде наклонет на домаќинот“, изјави Емери.
Реваншот се игра на 6 март во Париз, УЕФА сигурно нема одговори на оваа жалба, а ПСЖ има големи проблеми по поразот. Наводно играчите се незадоволни од тренерот, а се истакнува Нејмар, бразилскиот клан се побунил бидејќи Кимбампе играл пред Тиаго Силва, покрај тоа многумина сметаат дека Ди Марија морал да биде во тимот.