Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари изјави дека е возбуден поради игрите на младите фудбалери од тој клуб во победата над Валенсија во шпанското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Младите играчи донесуваат свежина и елемент на возбуда. Мора да се комбинираат со искуството на постарите за да се постигне баланс. Мораме да им дадеме шанса на младите“, изјави Солари.
Обраќањето на Солари медиумите го фоксуираа на промената на генерации во Реал Мадрид, а особени пофалби имаше за младите играчи.
„Играчите како Маркос Љоренте Алваро Одрисола, Дани Себаљос, Серхио Рехулион, Винисиус Жуниор, да не ги заборавиме другите. Тие се многу млади и талентриани и се надеваме дека за пет години од сега сите и ќе играат овде“, додаде Солари.
Многумина сметаат дека „Кралскиот клуб“ наскоро ќе изгледа сосема поинаку. Реал во саботата ја победи Валенсија со 2:0. По 14 кола го завзеде петтото место во Примера со 23 бода, пет помалку од водечката Барселона.