Реал Мадрид лошо ја отвори сезоната, па шпанските медиуми веднаш почмнаа да шпекулираат со можен отказ за Зинедин Зидан.
Шпанците пишуваа и дека Флорентино Перез јасно го покажал своето незадоволство и после вчерашниот пораз накратко се симинал во соблекувалната и отворено зборувал дека вакво нешто не смее да им се повтори.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најавите се дека иднината на Зидан како тренер на Реал ќе зависи од резултатите на Ел Класико против Барселона и потоа на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.
Веќе почна да се шпекулира и со можни наследници на Французинот, а прв фаворит е Маурисио Покетино.
Аргентинецот не крие дека има голема желба да седне на кормилото на „кралевите“, а во моментов е без ангажман.
Втората опција е на клупата да седне клупската легенда Раул Гонзалес Бланко, кој во моментов го води вториот тим на Реал Мадрид.