Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Хари Мегваер денес бил пуштен од притвор после сослушувањето поради ситуацијата која се случи на грчкиот остров Миконос.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Мегваер својот одмор го минува на Миконос, но во четвртокот навечер си направил проблем. Тој и неговите пријатели учествуваа во конфликт со друга група британски туристи, а по пресметката била повикана полицијата. Стоперот на Јунајтед наводно бил жесток и кон припадниците на полицијата па завршил и зад рештки.
Сега „Сан“ открива нови дополнителни детали за овој скандал. Имено, тие тврдат дека дошле до информации дека се почнало кога еден од туристите ја навредил и нападнал сестрата на Мегваер.
Во тој момент играчот на Јунајтед тотално ги изгубил нервите и тргнал да се пресмета. Тука скокнале и неговите пријатели, за потоа брзо да стигне и полицијата која успеала на момент да ги смири.
Мегваер како што споменавме влегол во расправија и со полицијата па бил уапсен. Денес тој е пуштен на слобода откако имал ново сослушување и според информациите добил дозвола да се врати во Англија. Исходот од судењето ќе се дознае подоцна.