Дома Трансфер зона Новиот тренер доаѓа со две засилувања во Милан

Новиот тренер доаѓа со две засилувања во Милан

Италијанскиот гигант Милан новата сезона ќе ја започне со нов тренер, откако спогодбено го раскина договорот со Џенаро Гатузо.

Италијанските медиуми едногласно тврдат дека нов тренер на „росонерите“ ќе биде актуелниот тренер на Сампдорија, Марко Џампаоло и се очекува официјализација во наредните денови.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Џампаоло веќе има договор со Милан и одржал првичен состанок со директорот Паоло Малдини на кој било разговарано за новите засилувања.

Новиот тренер од Милан побарал да му бидат донесени двајца фудбалери, кои се етаблираа под негово водство во Сампдорија. Станува збор за дефанзивецот Јоаким Андерсен и играчот за врска Денис Прет.

Андерсен е 23-годишен дански репрезентативец кој одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои Арсенал и Тотенхем.

Прет е 25-годишен играч за врска кој исто така одигра одлична сезона и е на мета на многу клубови.
Милан наводно веќе започнал преговори со Сампдорија за трансфер на двајцата фудбалери, кои вкупно ќе ги чинат „росонерите“ 55 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…