Сантијаго Солари вчера беше именува за нов тренер на Реал Мадрид, барем засега е најавен како привремено решение.
Реал Мадрид утре од 19:30 часот го игра првиот натпревар во купот против третолигашот Мелија, Солари пред овој натпревар го имаше првото обраќање за медиумите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Планот е да излеземе на терен и да одиграме храбро. Засега тоа можам да ви кажам, целта секако е да победиме. Екипата е во проблеми, но има голема желба да ја свртиме во наша корист тешката ситуација. Не е лесно, но гледам огромна желба кај играчите тоа да се промени“, изјави Солари.
Дали е новиот „Зидан“?
„Да го оставиме Зизу на мира. Тој е еден од најголемите во историјата на Реал. За него можете да кажете што сакате, но неговата големина мората да ја оставите на мира, бидејќи не се споредува со никого“, изјави новиот стратег на „кралевите“.