Дома Македонски спорт Мак ракомет “Новиот“ ЖРК Вардар го одигра првиот тест-меч, совладан тимот на ЦЕМС

“Новиот“ ЖРК Вардар го одигра првиот тест-меч, совладан тимот на ЦЕМС

Вчера во салата Христо Ботанџиев во Ѓорче Петров се одигра пријателски натпревар помеѓу РК ЦЕМС 2018 и  актуелен првак екипата на ЖРК Вардар. Овој натпревар  заврши со заслужена победа на црвено-црниот  тим со 26 – 36( 13-17).

Избраничките на Симе Симовски и Драгана Пецевска доминираа во текот на целиот натпревар, во првиот дел постојано бевме на чекор пред противникот. На пауза заминаа со четири гола, во вториот дел проработе вардарова одбрана и Вардарки победија со двоцифрена предност против тимот кој оваа сезона ќе дебитира во женската сениорска лига. Најдобар стрелец и поединец на овој натпреварот беше Николиќ Милица која одигра одлично и погоди дури 9.пати.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стрелци: Николиќ 9,  Петковска 6, Дамјановска 4, Трпевска 3, Седлоска 3, Јаковчевска 2, Коларовска 1, Божиновска 1, Костиќ  1, Џатевска 1, Миновска 1, Георѓиевска 1. Голмани: Трајновска 10 одбрани, Грујовска 7.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Радувај се Македонијо: Бобан Илиоски е нов светски шампион во кик-бокс во ВАКО Про

Вечерва во одлична атмосфера во Спортскиот центар „Јане СанданскИ“ во Скопје пред голем бр…