Дома Трансфер зона Новинар на „Скај“ тврди дека Арсенал лаже: Тие можат да платат 70 милиони евра за Заха

Новинар на „Скај“ тврди дека Арсенал лаже: Тие можат да платат 70 милиони евра за Заха

Навивачите на Арсенал се уште со нетрпение го исчекуваат првото засилување за наредната сезона.

Да, управата на „топџиите“ пред неколку дена го доведе младиот Бразилец Габриел Мартинели, но тој повеќе е засилување за во иднина отколку за сезоната која следи.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Наводно, Арсенал набрзо ќе испрати нова понуда за Тиернеј и тоа од 22 милиони евра за да го решат прашањето за позицијата лев бек. Освен тоа се очекува доаѓање на еден стопер, а се поглесно се шпекулира за Вилфред Заха од Кристал Палас за кој е познато дека сака трансфер во Арсенал.

Првата понуда на Арсенал од страна на управата на Кристал Палас е наречена смешна и брзо е одбиена.

Арсенал оваа сезона во јавноста излезе со став дека имаат малку пари за трошење. Поточно 45 милиони евра. Но, дали тоа навистина е така?

Новинарот на „Скај Спорт“ Кевен Солхекол тврди дека буџетот на Арсенал е многу поголем и дека е глупаво да се мисли дека овој клуб има само 45 милиони евра за трошење.

„Ако го сакаат Заха тие ќе најдат начин да го купат бидејќи имаат пари. Кристал Палас сака 70 милиони евра, а Арсенал тоа може да го исполни. Но повеќе од тоа нема да платат“, изјави Солхекол.

Главната причина затоа што Арсенал не сака да го објави својот вистински буџет е бидејќи сметаат дека клубовите со кои преговараат ќе ги преценат своите играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Јувентус го договори најдобриот голман во Серија А

Според последните информации од Италија екипата на Јувентус за наредната сезона договорила…