Сеск Фабрегас во својата кариера не играше за многу клубови, но остави трага секаде каде што играше.
Шпанецот ја помина академијата на Барселона, а потоа во 2003 година премина во Арсенал каде што се задржа осум години, а потоа се врати во Барселона за 34 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фабрегас потоа во 2014 година премина во Челзи за 33 милиони евра, а од јануари 2019 година е играч на Монако каде што пристигна во Монако.
Иако помина многу години во Арсенал навивачите на овој клуб му замерија што Фабрегас одлучи да премине во Барселона.
Такво размислување има и еден новинар кој одлучи малку да го провоцира Фарбегас, но на крајот се покаја.
Имено, Фабрегас на својот Твитер профил објави фотографија од дресовите на клубовите за кои играл со прашање: Кој од овие дресови ви буди најубави сеќавања?
Маркос Бетон му одговори на тоа прашање: Оној во кој беше капитен на Арсенал. Го замени за место на клупа во Барселона.
Фабрегас одлучи да му одговори со стастистички податоци: Започнав 121 натпревар од 151 на кои играв. Освоив шест титула, постигнав гол во две финалиња, ја освоив лигата со 100 бодовои, одиграв 36 натпревари и постигнав 43 гола и имав 47 сасистенци..Но да, кул“.