Дома Останати Тенис Новинар му постави чудно прашање на Ѓоковиќ, Кирјос „скокна“ во негова одбрана

Новинар му постави чудно прашање на Ѓоковиќ, Кирјос „скокна“ во негова одбрана

Со победата од 6:1 6:4 6:4 против Тејлор Фриц, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на УС Опен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По овој меч еден новинар му постави прашање за неговиот однос со тимот и тренерот Горан Иванишевиќ.

„Со секој голем тенисер е тешко да се работи. Јас не знам играч на ова ниво со кого е едноставно. Сериозно ја сфакам својата работа, исто како и што тренерите бараат многу од нас. Некогаш има искри, но тоа се е во жарот на нашата борба на теренот. Среќен сум што соработувам со овие луѓе, посебно на соработката во последните неколку години. Не може секогаш да биде убаво, но така и растеме“; изјави Ѓоковиќ.

На оваа тема во одбрана на Ѓоковиќ застана Ник Кирјос.

„Типично идиотско прашање. Ѓоковиќ е можеби најдобриот спортист на сите времиња. Очигледно овој новинар никогаш не се натпреварувал во некој спорт“, порача австралискиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа: Со настапот на Вимблдон си го остварив сонот!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа за првпат настапи на главниот турнир на Вимблдон и ка…