Зинедин Зидан веќе одреден период е без тренерски ангажман, а француските медиуми денес пренесуваат дека тој има договор со ПСЖ.
Новинарот на „РМЦ“ Даниоло Риоло кој се прослави откако прв го објави трансферот на Меси сега тврди дека Зидан следната сезона ќе го води ПСЖ без разлика какви ќе бидат резултатите на Покетино сезонава.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според неговите информации Покетино не може да се соочи со големиот притисок и присуствувото на многу ѕвезди во соблекувалната. Риоло потенцира дека одлуката во ПСЖ нема да се промени дури и ако сезонава францускиот клуб ја освои Лигата на шампионите.
Во ПСЖ се надеваат и дека доаѓањето на Зидан би можело да го премисли Килијан Мбапе и да се откаже од трансферот во Реал Мадрид. Сепак, засега Мбапе е многу поблиску до трансфер во Реал отколку до останување во ПСЖ.