Дома Фудбал Новинарката го налути Милер: Тебе ти е смешно што изгубивме?! 🎥

Новинарката го налути Милер: Тебе ти е смешно што изгубивме?! 🎥

Баерн вчера шокантно беше елиминиран од 1/16 финалето во германскиот куп. Германскиот и европски шампион беше елиминиран на пенал од второлигашот Холстеин Кил.

После овој натпревар интересен настап пред медиумите имаше Томас Милер.

„Тоа е што…Животот оди понатаму. Ќе продолжиме да работиме и ќе се обидеме што побрзо да го заборавиме овој пораз. Изгубивме од аутсајдер. Не можам да верувам дека со недели зборуваме за ситуации како при првиот гол и повторно примаме гол на таков начин. Тоа е многу разочарувачки“, изјави Милер.

Новинарката Велеска Хомбург го праша и каква е атмосферата во соблекувалната. Во таа ситуација Милер забележа насмевка на нејзиното лице.

„Што вие мислете, каква е атмосферата? Што? Тоа вас ви е смешно?!“, луто одговори Милер додека новинарката се правдаеше дека не се насмеала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно во копачки на 46 години: Го чека место во првиот тим на Равена!

Бразилската легенда е најавена како стартер за дербито со Форли во Серија Ц. Пријателствот…