Дома Фудбал Англија Нова контроверзија со ВАР во ПЛ: Судијата во ВАР собата знаел дека е пенал, но не сака се меша!? (ВИДЕО)

Нова контроверзија со ВАР во ПЛ: Судијата во ВАР собата знаел дека е пенал, но не сака се меша!? (ВИДЕО)

Арсенал минатиот викенд на својот стадион го совлада Бурнемоут со резултат 1:0 во натпревар од 8-то коло во Премиер лигата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Доколку „топџиите“ не победеа во овој натпревар сигурно ќе се кренеше повеќе прашина. Имено во центарот на внимание се најде ситуацијата со Николас Пепе во главна улога.

Пепе во 24-тата минута влезе во казнетиот простор на Бурнемоут и тргна во дриблинг. Успеа некако да ја турне топката низ покрај играчот на гостите кој според дел од јавноста направи фаул над него.

Меѓутоа судијата Еткинсон во тој момент не се огласи.

После натпреварот оваа ситуација стана уште повеќе контроверзна. Имено, медиумите објавија дека Ентони Тејлор кој беше во ВАР собата на овој натпревар сметал дека е пенал и дека Еткинсон погрешил, но не сакал да ја менува одлуката која ја донел судијата на теренот!?

Поголемиот дел од јавноста се сложува дека Еткинсон требало да биде повикан да ја погледне снимката од спорната ситуација.

И после ова повторно се поставува прашањето: Кој и зошто одлучува една ситуација да се прегледа, а друга не?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анри се плаши да проговори – дали судиите го штитат Сити во борбата за титулата?

Легендарниот Тјери Анри како аналитичар секогаш ја кажува својата мисла, но овој пат реши …