Изминатата ноќ во НБА лигата беше историска за Никола Јокиќ кој против Вашингтон собори неколку рекорди.
Јокиќ во победата на Денвер од 130:110 запиша трипл-дабл и така им се придружи на Расел Вестбрук и Леброн Џејмс. Имено, тие се единствени тројца кошаркари кои успеале да постигнал трипл-дабл против секој тим во НБА.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Исто така тоа за Јокиќ беше негов четврти „трипл-дабл“ во кариерата без промашување од поле, соборувајќи го рекордот што претходно го делеше со Вилт Чембрлен. Во последните 40 години, само Дрејмонд Грин (2) има повеќе од една таква партија.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд – Орландо 109:116
Индијана – Детроит 129:115
Филаделфија – Њујорк 96:110
Торонто – Бруклин 121:93
Далас – Феникс 123:113
Чикаго – Бостон 112:129
Њу Орлеанс – Хјустон 127:105
Оклахома – ЛА Клиперс 129:107
Денвер – Вашингтон 130:110
Јута – Шарлот 107:115
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 128:110
Сакраменто – Сан Антонио 127:122