Дома Топ вести Нова бура во Шпанија: Перез поткупуваше судии уште пред Барселона!

Нова бура во Шпанија: Перез поткупуваше судии уште пред Барселона!

Изминатиот период во Шпанија е преполн со скандали, а сега во центарот на вниманието се најде првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Во моменти кога Барселона води правна битка и е обвинета за поткуп во „случајот Негреира“, пристигна обвинување од поранешниот Комесар за натпреварување во Ла Лига кон претседателот на Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хозе Мануел Валејхо во изјава за РАЦ1 го обвини Перез дека Реал Мадрид со огромни средства поткупувал судии уште пред Барселона.

„Сега сите зборуваат за случајот со Барселона и истрагата која е во тек. Но, што е со Флорентино Перез? Јас знам дека тој подмитуваше судии уште пред Барселона, знаат и други, меѓутоа се крие затоа што никој ништо не му може. Навистина е невозможно да се отвори тужба против претседателот на Реал Мадрид и не е важно со какви докази располагате“, тврди Валјехо.

По изјавата на Валјехо набрзо стигна и одговор од Реал Мадрид кој возврати со тужба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…