Дома Фудбал Останато „Новајлијата“ херој за „јорганџиите“, Атлетико подобар од Арсенал (видео)

„Новајлијата“ херој за „јорганџиите“, Атлетико подобар од Арсенал (видео)

atletico arsenal

Денес во Сингапур во рамките на Интернационалниот куп на шампионите силите ги одмерија Атлетико Мадрид и Арсенал. Регуларниот дел заврши без победник 1:1 за во пенал серијата Атлетико да биде подобар.

Разбирливо тренерите на двете екипи на оваа средба прилика дадоа на голема број млади играчи и оние кои немаат голема минутажа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во натпреварот видовме навистина одлични потези, првиот гол беше постигнат во финишот на првиот дел кога Вието после асистенцијата од Кореа го доведе Атлетико до водство.

На самиот старт на вториот дел Арсенал стигна до изедначување откако младиот Смит-Ров ја погоди мрежата на „јорганџиите“.

Регуларниот дел од натпреврот заврши 1:1, па се пристапи кон изведувањето на пенали. Херој на Атлетико во пенал серијата беше новиот голман Адан кој одбрани три пенали. Иначе, Адан во игра влезе во второто полувреме кога го замени Јан Облак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…