Дома Фудбал Новата ѕвезда на Манчестер Јунајтед бира помеѓу три репрезентации

Новата ѕвезда на Манчестер Јунајтед бира помеѓу три репрезентации

Ентони Еланга неодамна дебитираше за првиот тим на Манчестер Јунајтед и покажа дека е голем талент.

19-годишниот Еланга пред неколку години пристигна во Манчестер Јунајтед, а оваа сезона Рангник му даде шанса во првиот тим. Има веќе 9 настапи во Премиер лигата и постигна два гола.

Еланга играше за младата репрезентација на Шведска и на осум натпревари постигна седум гола.

Тој е роден во Шведска, но на свои 12 години пристигнал во Англија, што му овозможува да игра за овие две држави.

Сепак, најмногу за негов настап работат Камерунците. Неговиот татко Жосев е поранешен камерунски репрезентативец и играше на Мундијалот 1998 година за Камерун, па сака и неговиот син да игра за таа репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лидс чека шанса од Порто: Сануси на радарот за јануари

Договорот на Заиду Сануси истекува на крајот од сезоната, а Лидс ја следи ситуацијата со н…