Дома Трансфер зона Новата ѕвезда на Андерлехт ќе биде „жешка“ тема ова лето

Новата ѕвезда на Андерлехт ќе биде „жешка“ тема ова лето

Играчот од средниот ред на Андерлехт Самби Локонга е новата белгиска ѕвезда која го привлече вниманието на европските гиганти.

21-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и веќе дебитираше за белгиската репрезентација.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Оваа сезона настапи на 31 меча за Андерлехт на кои постигна 3 гола и запиша 3 асистенции, а скаутите на многу европски гиганти го следат веќе подолго време.

За него интерес покажуваат Милан, Манчестер Сити, Арсенал, Лајпциг, Севиља и Баерн Минхен, па на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.

Андерлехт потврди дека е спремен да го пушти Локонга, а за неговата слобода бара 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познат фаворитот за потписот на Зиркзе

Ѕвездата на Болоња и холандски репрезентативец Џошуа Зиркзе е на мета на многу клубов…