Баер Леверкузен и Монако вчера одиграа возбудлив натпревар во кој гостите со гол во судиското продолжение стигнаа до победа од 2:3.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
По последниот судиски свиреж на теренот настана мешаница, а играчите од двата табори почнаа да се влечат и туркаат.
Таквата ситуација голманот на Баер, Лукаш Храдецки ја опиша со интересна изјава.
„Новата генерација фудбалер не знаат да се однесуваат, не знаат што значи поит кон противникот. Однесувањето им е како деца, мислат дека имаат поголем к*р од другиот. Неверојатно…“, истакна Храдецки.
Испрати порака дека ситуацијата по крајот на натпреварот дополнително ги мотивирала.
„Прилично не мотивираше за реваншот тоа што се случи на крајот од натпреварот“, додаде голманот.