Италијанската фудбалска федерација најави големи промени за следната сезона.
Имено, по примерот на Англичаните, летниот трансфер период во Италија ќе се затвори 24 часа пред почетокот на првенството, односно на 18-ти август.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Следната сезона во Серија А ќе стартува на 19-ти август, а седум дена порано (12 август) ќе се одигра Суперкупот на Италија.
Предвидено е да се играат натпревари на католички Божиќ, пракса позната како „Боксинг Деј“ која досега се применуваше само во Премиер лигата. Калчолигашите во празничната програма ќе играат натпревари на 22. 26. и 30 декември, а потоа следи пауза до 20 јануари.
За разлика од Англичаните, меѓутоа, Италијанците го скратија и јануарскиот преоден рок, па клубовите од Серија А ќе можат да се купуваат од 1. до 19. јануари, бидејќи на 20. јануари ќе почне вториот дел од сезоната.