Играчот за врска на Тотенхем, Деле Али, нема да го напушти клубот во овај преоден рок, пренесуваат медиумите на Островот.
24-годишниот Англичанец имал конфликт со тренерот, Жозе Мурињо, но управата на клубот ќе се обиде да ги реши сите недоразбирања и да го задржи Деле Али во Лондон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Деле Али беше изоставен во првите два меча од составот на Тотнехем и веднаш се појавија информации дека може да се пресели во ПСЖ или Реал Мадрид.
Минатата сезона во Премиер лигата, Деле Али одигра 25 натпревари на кои постигна осум гола и запиша четири асистенции.