Италијанскиот плејмејкер постигнал договор со Пари Сент Жермен за продолжување на договорот до 2024 година, пренесуваат француските медиуми.
Веќе подолго време кружеа шпекулации дека Верати на лето ќе ја промени средината и ќе побара нов предизвик, но од тоа нема ништо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанецот ја прифати понудата на ПСЖ за нов договор според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона и ќе се обврзе на верност до 2024 година.
Верати пристигна во ПСЖ во 2012 година од Пескара за само 12 милиони евра и во Париз се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во светот. Интересно, тој нема ниту еден настап во Серија А бидејќи од Серија Б директно се пресели на „Паркот на принцовите“.
За него интерес покажуваат многу европски гиганти, но тој реши да му остане верен на „светците“ и наскоро ќе стави потпис на нов договор. Минатото лето Барселона преговараше за негов ангажман, а и самот Верати беше отворен за преселба на „Камп Ноу“, но ПСЖ не сакаше да слушне за негова продажба.
Marco Verratti has reportedly agreed to a new contract with PSG which will see him earn more than €10m a year & run until 2024 (PU) https://t.co/TYyGl5l0ix
— Get French Football News (@GFFN) February 17, 2019
Верати во 2016 година го продолжи договорот со ПСЖ според кој заработува 6 милиони евра по сезона, но сега францускиот клуб реши да го награди со нов побогат договор.
Верати е клучен фудбалер во тимот на Тухел и оваа сезона запиша 23 настапи на кои запиша една асистенција.