Дома Фудбал Ништо од Премиер лигата: Лопетеги ги прекинал преговорите поради неговиот татко

Ништо од Премиер лигата: Лопетеги ги прекинал преговорите поради неговиот татко

Јулијен Лоптеги според последните информации иако беше блиску сепак го запрел преминувањето во Вулверхемптон поради семејни причини.

Информациите од Островот и од Шпанија беа дека Лопетеги скоро и да имал договор со премиерлигашот откако доби отказ од клубот од Андалузија каде што на негово место дојде Хорхе Сампаоли.

Лопетеги се одлучил да ги прекине преговорите кои стигнале и до завршна фаза. Причината воопшто не била поврзана со понудата од Вулвс, ниту со нивната желба Лопетеги да седне на кормилото.

Шпанецот ги инфомирал Англичаните дека неговиот татко бил тешко болен, па овие денови сака целосно да ги посвети на неговото семејство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковачиќ со сè помала улога во Сити, Фенербахче ја следи ситуацијата

Хрватскиот играч за врска има само три премиерлигашки настапи сезонава, а англиските медиу…