Денес Астон Вила официјално го промовираше Стивен Џерард за нов менаџер, а по него уште една англиска легенда би можела да се врати во Премиер лигата.
Екипата Норвич пред неколку дена остана без тренер откако отказ доби Даниел Фарке кој забележуваше катастрофални резултати. Британските медиуми пренесуваат дека веќе Френк Лампард се согласил да го води Норвич. За Лампард ова би било враќање во англискиот фудбал откако пред помалку од една година го напушти Челзи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, за разлика од Челзи ова ќе биде еден поинаков предизвик. Лампард би го чекало тешка задача затоа што Норвич има само една победа во 11 натпревари во Премиер лигата и се наоѓа на дното на табелата.
Покрај Челзи, Лампард пред да дојде на „Стенфорд Бриџ“ успешно го водеше тимот на Дерби Каунти каде што ја започна менаџерската кариера.