Дома Останати Тенис Ништо од историја: Фантастичниот Медведев подобар од Ѓоковиќ во финалето!

Ништо од историја: Фантастичниот Медведев подобар од Ѓоковиќ во финалето!

Одиграно беше финалето на УС Опен, а титулата од Грен Слем турнирот оди во Русија за Данил Медведев.

Во финалниот меч Медведев со 4:6, 4:6, 4:6 го совлада Новак Ѓоковиќ. Освен што ја освои првата Грен Слем титула во кариерата Медведев барем засега спречи историја. Го запре Ѓоковиќ во лов на 21. Грен Слем.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште во првиот сет Медведев покажа дека е расположен. Видена беше голема борба, убави потези, а како пресуден се покажа воведениот дел кога Медведев направи брејк и го задржа до крајот.

Во вториот сет слична игра. Медведев дојде до брејк при 2:2. По брејкот Русинот го одржа ритуамот на игра и го приведе сетот кон крајот со 4:6.

Третиот сет Медведев го отвори фуриозно и веднаш му одзема два брејка на Ѓоковиќ за водство од 0:3. Новак не се предаваше и направи еден брејк, ја продолжи драмата во третиот сет, но при резултат 4:5 Медведев одлично сервира и трет пат доби сет со 4:6 за конечни 0:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…