Mладинскиот тим на Победа не успеа да ја помине првата пречка во квалификациите за Лигата на шампионите откако денес во Скопје одигра 2:2 против Колерејн од Северна Ирска.
Овие 2:2 на Победа не беа доволни поради поразот пред седум дена на гостински терен од 3:2.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Денес црвено-белите поведоа рано со голот на Тошески во 6-тата минута, имаа многу повеќе од играта, доминација на теренот, неколку полушанси а најубавата на Дебрешлиоски во 37-та минута.
Во вториот дел многу помалку возбудувања пред противничкиот гол, а гостите со два брзи гола во 82-та и 87-та минута си обезбедија пробив во следната рунда. На крајот со гол од пенал Тодороски ги постави конечните 2-2.
ПОБЕДА : Мариновски, Ѓорчески (од 85 мин Миланоски), Аризанкоски, Ковиловски (од 86 мин. Петејчук), Поп-Антоски, Крстески (од 67 мин Варошаноски), Кочоски, Јакопетревски (од 89 мин. Нанчески), Дебрешлиоски, Тодороски, Тошески.
Фото: ФК Победа