Греам Потер се уште ја чека вистинската понуда.
Потер е без работа година и пол, откако се раздели со Челзи каде што имаше богат договор, па добро заработи и од отказот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пренесуваат англиските медиуми, Потер сега е прв избор на Саутемптон кој очајно ја започна новата сезона.
Расел Мартин се бори да го разбуди својот тим, а ги чека гостување кај Бормут во понеделник и потенцијален пораз во овој натпревар би можел да значи дека отказ за него.
Саутемптон освои само еден бод, исто колку и Волвс, а им претстои тешка борба за опстанок. Претходно Потер се поврзуваше и со клупата на Евертон, но таму изгледа Шон Дајч ќе има уште некоја прилика да си ја зачува работата.