Дома Топ вести Ништо од големиот трансфер – Барса се договорила, но Меси и Валверде стопирале СЕ!

Ништо од големиот трансфер – Барса се договорила, но Меси и Валверде стопирале СЕ!

messi

Ништо од сензацинален трансфер во јануари, главните „виновници“ се Ернесто Валверде и Лионел Меси.

Откако минатото лето Барселона не успеа да го доведе Фелипе Кутињо за кого Ливерпул бараше околу 150 милиони евра, Барселона своето внимание го насочи кон Месут Озил. Германецот има договор со Арсенал до крајот на сезоната и Барселона би можела да го доведе за 20 милиони евра веќе во јануари.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Каталонскиот клуб наводно договорил негово доведување и бил спремен да му даде плата од 15 милиони евра годишно, но тренерот Ернесто Валверде го стопирал трансферот.

Тренерот на Барселона на управата на клубот им порачал дека Озил со своето знаење може да допринесе, но дека дека неговиот приватен живот би можел да создаде многу проблеми. Валверде смета дека Германецот не води спортски живот надвор од теренот.

„Diario Gol“ тврди дека во оваа одлука на Валверде се вмешал и Лионел Меси кој порачал дека Озил е престар и дека клубот сепак треба да се обиде да го доведе Кутињо кого го смета како фудбалер за иднината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Статистиката и традицијата велат: Синер е идниот број еден!

Јаник Синер имаше почеток од соништата во оваа 2024 година. Го освои првиот Грен слем сезо…