Велшкиот фудбалер Герет Бејл најверојатно ја игра својата последна сезона во дресот на Реал Мадрид.
Бејл во кралскиот клуб стигна пред пет години од Тотенхем, но многумина за него ќе речат дека на Сантијаго Бернабеу не го постигнал она што очекувал. Велшанецот имаше многу проблеми со повреди, а само понекогаш можеше да покаже зошто некогаш бил најскапиот фудбалер во светот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, шпанските медиуми во последно време шпекулираат дека Бејл ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од оваа сезона. Наводно, неговата желба е враќање во Велика Британија, а најголем интерес за Бејл покажаа Манчестер Јунајтед и Челзи.
Сепак, Мадридски АС денес објави извонредно голема вест за навивачите на Кралевите. Наводно, Бејл на маса има понуда од Интер и не треба да се исклучи можноста Велшанецот да го гледаме во Серија А.
Како што наведуваат медиумите во Шпанија, Интер веќе го контактирале Флорентино Перез и разговарале за цената на Бејл. Во Интер сакаат да создадат екипа што ќе го врати овој клуб во Лигата на шампионите, а Бејл би бил одличен избор во нападот покрај Мауро Икарди и Иван Перишиќ.