Франк Де Бур ќе биде нов селектор на Холандија, објавија медиумите во оваа земја. Поранешниот тренер на Интер, Кристал Палас и Атланта Јунајтед го наследи Роналд Куман.
Куман премина во Барселона откако Холандија успеа да ја врати во врвот. Тој ја превзема репрезентација после бламажите во квалификациите за ЕП 2016 И СП 2018. Холандија со него стигна до финалето од Лигата на Нации минатата година, а потоа се пласираше и на ЕП 2020 кое поради коронавирусот е одложено за летото 2021.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега препородената Холандија ќе ја превземе Де Бур. Сојзуот сепак не успеа да го убеди Масимилијано Алегри кој беше прв избор.
Според договорот Де Бур ќе ја води Холандија на ЕП 2021 и СП една година подоцна. Де Бур во петок ќе го објави неговиот прв список на играчи и тоа за пријателскиот натпревар со Мексико и натпреварот од Лигата на Нации против Босна и Херцеговина.