Дома Трансфер зона Ништо ново! Јувентус го купува најдобриот млад фудбалер во Италија

Ништо ново! Јувентус го купува најдобриот млад фудбалер во Италија

Јувентус во последните години вешто го користи „падот“ на миланските гиганти, и создава „монопол“ над сите италијански таленти.

Раководството на „бјанконерите“ е секогаш внимателно кога се во прашање младите таленти кои имаат потенцијал да станат големи ѕвезди во иднина.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пренесува дека спортскиот директор на „старата дама“, Бепе Марота имал состанок со колегите од Џенова за трансфер на талентираниот 16-годишен Пјетро Пелегри.

Пелегри е најмладиот фудбалер кој постигнал погодок во историјата на Серија А, а од медиумите и експертите беше прогласен за „чудо од дете“. За него интерес покажаа најголемите италијански клубови, но Јувентус е спремен и овој пат да ја победи конкуренцијата.

Џенова за својот „бисер“ бара 30 милиони евра, а весникот тврди дека „бјанконерите“ се спремни да понудат 25 милиони евра и да го останат Пелегри на позајмица во Џенова уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…