Дома Македонски спорт Мак фудбал Ниту во Прилеп, ниту во Скопје – Тиквеш и Воска ќе играат во Струмица!

Ниту во Прилеп, ниту во Скопје – Тиквеш и Воска ќе играат во Струмица!

Бараж натпреварот за Прва МФЛ меѓу екипите на Тиквеш и Воска ќе се одигра на 22. мај во 17:00 часот на стадионот „Младост“ во Струмица. 

На зеднички состанок на Комисијата за безбедност и Комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) беше донесена одлуката за одредување на стадионот за одигрување на натпреварот.  


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ФФМ преку Комисијата за безбедност испрати допис до МВР со барање информации во делот на преземање на безбедносни мерки за се одигра во најдобар ред бараж мечот Тиквеш – Воска и Комисијата за натпреварување ќе постапи согласно добиените информации. 

Како Фудбалска федерација на Македонија упатуваме благодарност до Министерството за внатрешни работи за конструктивната соработка како што била и досега. 

Веруваме дека со применување на прописите и почитувањето на превентивните мерки од надлежните институции и тела се гарантира вистински фудбалски спектакл. 

Фудбалската федерација на Македонија ќе направи сѐ што е во надлежност на федерацијата, двата бараж натпревари да се одиграат во спортска, фер и коректна атмосфера. 

Нѐ радува тоа што интересот на публиката за овие натпревари е огромен. Тоа потврдува дека сме на вистинскиот пат. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…