Македонскиот фудбалер Влатко Стојановски не се снајде најдобро во редовите на Ним и во потрага по поголема минутажа и собирање искуство во Франција ја промени средината.
Во наредната сезона Стојановски ќе игра во тимот на Шамбле кој се натпреварува во втората француска лига. Ним и Шамбле се договорија за едногодишна позајмица на Стојановски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ќе потсетиме Стојановски трансферот во Ним го обезбеди после одличната сезона во Ренова која од Ним за него доби 1.5 милион евра. За тимот на Ним Стојановски одигра само шест натпревари и постигна два гола во лига-купот на Франција.
Тимот на Шамбле минатата сезона заврши на десеттата позиција во втората лига во Франција.