Во рамките од второто коло во македонската Прва лига денес се одиграа пет натпревари, а најмногу внимание привлекуваше скопското дерби помеѓу Вардар и Шкупи во Маџари на „Борис Трајковски“.
Вардар не разочара, но одново како и во првото коло против Брера претрпе минимален пораз. Шкупи во еден натпревар без многу шанси со поголема борба на средината од теренот славеше победа од 0:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Одлучувачкиот момент на натпреварот го видовме на десетина минути пред крајот на средбата кога Нилтињо ја погоди мрежата на Гачевски.
Брера забележа втор триумф без примен гол откако денес беше подобра од новајлијата Воска Спорт со 2:0. Пораз претрпе и третиот новајлија сезонава во ПМФЛ, екипата на Гостивар, Тиквеш на гостински терен оствари триумф од 0:3.
Македонија Ѓорче Петров на свој терен забележа минимална победа против штипска Брегалница од 1:0. Работнички по изненадувачкиот триумф во првото коло против Шкупи денес претрпе пораз од Силекс во Кратово со 2:0.