Мемфис Депај најверојатно ќе ја напушти Барселона во зимскиот преоден рок, пренесуваат каталонските медиуми.
Депај и ова лето беше на излезна врата, но сепак остана во Барселона, каде не добива голема минутажа и е во втор план.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради тоа сака да ја промени средината и побарал од Барселона предвремен раскин на договорот за да замина во јануари.
Барселона сака да го пушти во јануари и за неговата слобода бара само 2 милиони евра, но ниту еден од клубовите не сака да ја плати таа сума.
Холанѓанецот ќе биде слободен агент на крајот на сезоната, па заинтересираните клубови бараат да го раскине договорот во јануари и да го добијат неговиот потпис без обештетување.
🚨 Barcelona are asking for clubs to pay ONLY €2M for Memphis Depay this winter but NO team wants to spend this amount on him! 😮
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 16, 2022
(Source: @sport) pic.twitter.com/lP8GpyCvHo