Динамо Загреб продолжува да ја држи лидерската позиција на Балканот и кога се резултатите во прашање, но и тоа како работи на трансфер пазарот.
Хрватскиот тим полека изгледа станува и глобален гигант. Олмо пред неколку години го донесоа од школата на Барселона, а на него зимово одлично заработија. Сега Динамо успеа да го доведе капитенот на младинците на Арсенал!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роби Бартон е новото име кое ќе го засили Динамо. Бартон има 20 години и беше капитен на Арсенал во тимот до 23 години каде што до минатата сезона стандарден голман беше нашиот Дени Илиев.
На Островот Бартон се опишува како „новиот Арон Рамзи“ бидејќи доаѓа од Велс. Бартон добиваше големи пофалби од поранешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери.
Ако Бартон се развива онака како што се очекува тогаш Динамо за некоја година ќе има нов „бисер“ од кој добро ќе заработи.