Кошаркарите на Денвер станаа шампиони во НБА лигата откако изминатата вечер со 94:89 го совладаа Мајами и така со вкупни 4:1 беа подобри во серијата.
Никола Јокиќ сосема заслужено го доби признанието МВП во финалето, а во вчерашниот натпревар голем удел дадоа Колдвел-Поуп и Брус Браун. Мајкл Портер Јуниор беше критикуван за учинокот во целата финална серија, но во овој натпревар постигна важни 16 поени, Мареј и Колдвел-Поуп имаа по 14, а Браун 10.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јокиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл од 28 поени и 16 скокови. На спротвната страна Џими Батлер запиша 21 поен, а Бам Адебајо додаде 20 поени и 12 скока.
Вчерашниот натпревар беше неизвесен од почетокот до крајот и Мајами имаше предност во поголемиот дел од мечот. Водеа „жешките“ и во финишот со 89:88, но тогаш следуваше серијата од 5:0 на Денвер со која беше одлучен победникот.
Nikola Jokic is the 2023 #NBAFinals MVP! pic.twitter.com/jfZoEHyNFx
— NBA (@NBA) June 13, 2023