Чудна ситуација, тврдат дека им недостасува Нејмар, меѓутоа ова во иднина би можело да претставува голем проблем за Барса…
Податок во кој тешко може да се поверува.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа дека Лео Меси ја „носи“ Барса на својот грб не е неовст, тој оваа година постигна 15 погодоци и е далеку најдобар стрелец на тимот. Алтернатива немаат, Нејмар замина, Дембеле се повреди, Суарез е целосно надвор од форма.
Алкасер не добива шанса.
Па кој е тогаш втор стрелец на екипата?
Во прашање е „автоголот“. Имено, освен 15 погодоци на Меси. Ривалите на Барселона пет пати си ја погодиле сопствената мрежа. Останатите фудбалери на Барселона се далеку од тој учинок, Луис Суарез даде, три, Паулињо и Денис по два.
Во Каталонија се шегуваат дека „автоголот“ треба да добие свој дрес, но многумина предупредуваат дека Меси не може да ја одржуваа оваа форма во текот на целата сезона.
Веднаш започнаа споредби со Јувентус кој победуваше додека Дибала постигнуваше голови, кога „Ла Хоја“ застана, започнаа проблемите, Игуаин како и Луис Суарез во овој момент е надвор од форма.