Дома Фудбал Нигез со сиот респект: Пике се даде себеси за Шпанија и шпанскиот народ

Нигез со сиот респект: Пике се даде себеси за Шпанија и шпанскиот народ

Џерард Пике поради своите политички ставува моментално е еден од најомразените луѓе во Шпанија.

Познато е дека тој е голем приврзаник за независна Каталонија, но иако не е единствен фудбалер во Барселона кој така размислува, него најмногу му зедоа за зло.

Саул Нигез смета дека Пике сепак не заслужил таков третман.

„Не ми се допаѓа оваа атмосфера околу Пике. Тој е мој соиграч од репрезентацијата и другар. Тврдо стојам дека тој секогаш во дресот на репрезентацијата дава се од себе. Многу даде за Шпанија и шпанскиот народ за вака да му се враќа“, поентираше фудбалерот на Атлетико Мадрид.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…