Дома Трансфер зона Не успеаа со Савиќ, сега Јувентус на мета има нов Србин

Не успеаа со Савиќ, сега Јувентус на мета има нов Србин

Тимот на Јувентус ова лето покажуваше сериозен интерес за во своите редови да го доведе најдобриот српски играч, Сергеј Милинковиќ Савиќ, но на крајот не успеа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес италијанските медиуми пренесуваат дека наредното лето „старата дама“ се подготвува за напад на нов Србин и тоа од редовите на Фиорентина, Никола Миленковиќ.

Популарниот „Блеки“ овие денови е со репрезентацијата на Србија, а имаше најави дека во натпреварот против Литванија од трибините ќе го следи стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Во Јувентус мораат да се подготуваат на смена на генерациите во одбрната и тоа е јасно со оглед на тоа по колку години имаат Бенатија (31), Бонучи (31), Брзаљи (37) и Киелини (31), единствено од помлад е Даниеле Ругани (24).

Српскиот дефанзивец во претходната и на почетокот на оваа сезона во Фиорентина го покажа својот голем потенцијал, па не е чудо што поголемите клубови „тропаат на вратата“ на клубот од Фиренца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…