Дома Кошарка Не успеаа да го доведат Дејвис, па Лејкерси се враќаат по Кармело Ентони!

Не успеаа да го доведат Дејвис, па Лејкерси се враќаат по Кармело Ентони!

Лос Анџелес Лејкерси повторно размислуваат за доведување на Кармело Ентони, пренесува „ЕСПН“.

Тимот од „градот на анѓелите“ во текот на трејд периодот се обидуваше, но не успеа да го доведе Ентони Дејвис.

„ЕСПН“ пренесува дека Лејкерси поради тоа повторно своето внимание ќе го насочат кон 34 годишниот Кармело Ентони. Ќе потсетиме, Мело е слободен откако Чикаго Булс се откажаа од неговите услуги.

Лејкерси ослободија простор така што ги трејдуваат Ивица Зубац и Мишел Бесли.

Мело во текот на својата кариера играше за Денвер, Њујорк Никси, Оклахома и Хјустон. Дури 10 пати беше дел од „Ол-Стар“ натпреварот, два пати беше избиран во вториот тим на сезоната, четири пати во третиот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Петмина двоцифрени во Куманово, Кожув запрен со 17 поени разлика

Куманово го совлада Кожув со 91:74 и се врати на победите по поразот од Работнички. Двата …