Бразилецот Маркињос не го напаѓа судијата и причините за поразот ги бара своите редови.
На Пари Сен Жермен му се повторуваат некои работи…Како ништо да не учат од претходните искуства. Вчера доживеаа нова елиминација во раната фаза од Лигата на шампионите која е нивна главна цел веќе неколку години (од кога пристигнаа Катарците).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бесот и тагата кај нив сега се сигурно помешани, Нејмар го обвини судијата Скомина (тука), но не неговиот сонародник Маркињос има поинакво мислење.
„Вакво нешто не смееме да си дозволиме! Уште еднаш испаѓаме во иста фаза. Правиме исти грешки, се казнуваме самите себе…Манчестер Јунајтед дојде тука да се брани и да чека наши грешки. Ги дочека и им честитам на пласманот во следната фаза. Знаеа да ги искористат своите моменти. Уште еднаш мораме сите заедно да седнеме и да анализираме што ни се случува. Мораме да разговараме како мажи. Ова се тешки моменти за сите во клубот, играчите раководството, тренерот…Сите се многу бесни што работите отидоа во правец кои не ги сакаме. Но знаете како велиме ние во Бразил – време е да јадеме го*на и да не зборуваме многу“, порача Маркињос.
Од судењето беше разчаран и првиот човек на ПСЖ, Ал Келаифи кој порача дека вакви работи се судат многу лесно против ПСЖ, а потешко против други клубови во Европа.