Вчера Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите го победи Јувентус со 2:0 и така си обезбеди солидна предност пред реваншот во Торино.
Кристиано Роналдо го носеше дресот на градскиот ривал на Атлетико, па очекувано имаше „посебен“ пречек во Мадрид на „Ванда Метрополитано’.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Од почетокот до крајот Роналдо добиваше свирежи од домашната публика. Роналдо имаше прилика и да се запише во листата на стрелци, но Јан Облак беше на вистина на задачата.
Во еден момент од натпреварот Португалецот не издржа и одговори на свирежите од навивачите така што со раката покажа „5-ка“. Така Роналдо сакаше да им покаже колку европски трофеи има освоено во својата кариера.
Провокациите помеѓу Роналдо и навивачите на „јорганџиите“ не завршија на теренот, продолжување имаа и во микс зоната.
Роналдо во микс зоната не беше расположен да зборува со новинарите, но не заборави да испрати порака до оние кои го провоцираат.
Пораката на португалската ѕвезда беше слична како онаа на теренот. Меѓутоа овој пат освен гестикулација испрати и кратка порака со зборови.
„Јас имам пет титули во Лигата на шампионите, Атлетико ниту една“, кратко порача Роналдо и се упати кон излезот од микс зоната.
Како и да е кој ќе има причина за повеќе провокации ќе дознаеме после реваншот во Торино, но засега Атлетико е во поволна позиција.
Cristiano: "Cinco Champions tengo yo y el Atlético cero" #ChampionsMLC pic.twitter.com/S9NYrh2iLw
— La Casa del Fútbol en Movistar+ (@casadelfutbol) February 20, 2019