Францускиот напаѓач Антони Марсијал ќе го напушти Манчестер Јунајтед до крајот на преодниот рок и тоа по барање на тренерот Жозе Мурињо.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Мурињо одлучил дека Марсијал повеќе не му е потребен и му порачал на раководството да се обидат да го продадат до крајот на август.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Потсетуваме, неколку месеци се шпекулира дека за неговите услиги се заинтересирани ПСЖ, Јувентус и Баерн Минхен, па се чини дека заинтересираните клубови сега полесно ќе можат да дојдат до Французинот.
Марсијал се наоѓа во немилост на Мурињо, па и самиот фудбалер не е задоволен од својот статус и сака да го напушти „Олд Трафорд“.
Тој во Манчестер Јунајтед пристигна во 2015 година за 60 милиони фунти, а проблем е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната, па заинетресираните клубови можат да го донесат без обештетување во јануари.
Manchester United manager José Mourinho has asked executive vice-chairman Ed Woodward to sell 22-year-old France forward Anthony Martial. (Source: Daily Star) pic.twitter.com/N23u0YLvfJ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 22, 2018