Голманот на Челзи, немаше своја ноќ, а кога на спротвната страна го имаше Лео Меси, тука епилогот лесно може да се предвиди.
Вакво нешто навистина ретко се случува, особено на врвно ниво, но чуварот на мрежата на Челзи,Тибо Куртоа тоа го доживеа вечерва на „Камп Ноу“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нему Лео Меси во реваншот на мечот од осминафиналето во ЛШ му даде два гола низ нозе, првиот и третиот во победата на Барса од 3:0.
Многумина по мечот одвај чекаа објаснување од голманот на „Плавите“, а тоа не изостана. Куртоа излезе пред новинарите и порача:
„Не очекував дека Меси ќе шутира оттаму, па не ги собрав нозете, така што тоа е моја грешка. Сега треба да бидам човек и да ја преземам одговорноста и да продолжам натаму. За голман како мене од два метри, најслаба точка е просторот измеѓу нозете. Дури и кога нормално стојам, има доста простор“, истакна Куртоа.