Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс очигледно не планира да застане и покрај тоа што е на залезот на четвртата деценија од животот.
Леброн не само што го одведе својот тим до полуфинале од НБА Купот, туку и во победата против Феникс постави рекорд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кралот“ стана највозрасен играч кој на еден натпревар постигнал најмалку 25 поени и додал уште 10 асистенции и пет скока. Кај Лејкерс тоа им успеало само на Меџик Џонсон и Коби Брајант кој тоа го направиле во многу помлади години.
На завршниот турнир во петок наутро кој се игра во Лас Вегас, Лејкерс ќе се соочат со Њу Орлеанс.