Репрезентацијата на Македонија до 21 година на полувремето против Фарски Острови има минимална предност.
Натпреварот го започнавме со контрола на топката без да создаваме посериозни прилики за гол, така беше се до 16-тата минута кога Милан Ристовски ја искористи асистенцијата на Ердон Даци. До водство стигнавме од нашата прва поголема прилика.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Даци од десната страна испрати топка по земја во шеснаесетникот, а таму Милан Ристовски кој во отсуство на Давор Здравковски (поради жолти картони) ја носи капитенската лента најдобро се снајде и ја затресе противничката мрежа.
По овој гол домаќините на неколку пати се заканија со добри шанси пред голот на Јанков. За среќа нашата одбрана и Јанков беа на висина на задачата. Се заканивме и ние, меѓутоа до втор гол во првите 45 минути не дојдовме.
На возбудувања во второт ополувреме чекавме до последните минути.
На десетина минути пред крајот Ацковски кој во игра влезе во 74. минута зголеми на 0:2. За да не остане Јанков со чиста мрежа се погрижи Кнудсен кој само четири минути подоцна ги постави конечните 1:2.
Со оваа победа Македонија на втората позиција после шест одиграни натпревари ќе има 10 бода, Израел е трет со осум бода и пет натпревар, додека Црна Гора (седум одиграни) и Казахстан (шест одиграни) се со по седум бодови. Фарски Острови се последни во групата со само три освоени бодови.