Ханси Флик досега беше човекот кој најмногу се најавуваше како нов стратег на Барселона, меѓутоа на листата на Лапорта има и други имиња, вкупно десет.
Каталонскиот гигант е во потрага по наследникот на Чави, спортскиот директор Деко пред неколку дена изјави дека не разговарал со ниту еден кандидат и објасни дека во моментов нема претстава со каков буџет ќе располагаат. Поради тоа и не може нешто да му вети на потенцијалниот наследник.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но, тоа не значи дека интерно во Барселона не се водат разговори. Медиумите пишуваат и за Чаби Алонсо кој одлично работи во Леверкузен, меѓутоа Шпанецот засега е фаворит за клупата на Ливерпул.
Покрај Алонсо и споменатиот Флик на списокот биле: Микел Артета од Арсенал, Луис Енрике од ПСЖ, Роберто де Зерби од Брајтон, Унаи Емери од Астон Вила, Серхио Консеисао од Порто, Иманол од Реал Сосиедад, Мичел од Џирона, како и Јирген Клоп.