Дома Трансфер зона Не е само Киеза, Јувентус сака уште една ѕвезда на Фиорентина

Не е само Киеза, Јувентус сака уште една ѕвезда на Фиорентина

Никола Миленковиќ игра фантастична сезона во дресот на Фиорентина и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивеци во Серија А.

21-годишниот српски репрезентативец е еден од најбараните одбранбени фудбалери и не е тајна дека Фиорентина за него одби понуда од Атлетико Мадрид „тешка“ 40 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваа и за интересот на Манчестер Јунајтед за Миленковиќ, но сепак најсериозен интерес за него покажува Јувентус.

Имено, директорот на „старата дама“ Фабио Паратичи во живо го гледал мечот помеѓу Фиорентина и Сасуоло, а главна мета бил токму Миленковиќ.

„Бјанконерите“ се заинтересирани и за првата ѕвезда на Фиорентина, Федерико Киеза, а италијанските медиуми тврдат дека Јувентус ги сака двајцата фудбалери во „пакет“.

Јувентус спрема реконструкција и подмладување на одбраната ова лето, а една од главните мети ќе биде 21-годишниот српски репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…