Искусниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан призна дека би сакал да се пензионира во дресот на Реал Мадрид, каде што играше неколку сезони и освои 10 трофеи.
Французинот си замина од „Сантијаго Бернабеу“ во 2021 година и се пресели во Манчестер јунајтед за 40 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Варан е важен во одбраната на „ѓаволите“, каде што игра покрај Лисандро Мартинез, а има договор со премиерлигашот до 2025 година.
Дефанзивецот во разговор со медиумите кажа дека мала е веројатноста да се врати во Мадрид, но негова желба е да се пензионира во дресот на „кралевите“.
Варант за „кралскиот клуб“ одигра 360 меча и постигна 17 голови и седум асистенции.